Колекција од десет гламурозни, вечерни фустани на покојната принцеза Лејди Ди биле продадени на аукција во Лондон за повеќе од 1,2 милиони долари. Во аукциската куќа Кери Тејлор, која ја организирала лицитацијата, навеле дека најголем интерес имало за темно синиот сомотен фустан во кој Лејди Ди танцувала со холивудскиот актер Џон Траволта на гала вечерата во Белата Куќа во 1985 година, и кој бил продаден за речиси половина милион долари, како и за една креација на британскиот моден дизајнер Виктор Еделштајн кој бил продаден за исто така половина милион долари.

Принцезата Дајана на наговор од синот, принцот Вилијам, во 1997 година неколку месеци пред смртта во сообраќајна несреќа во Париз, продала десетина свои фустани на една добротворна аукција во Њујорк.