Лондонската модна дизајнерка Ејми Рејнбоу Винтерс изложува во салонот за висока технологија  International CES во Лас Вегас, фустан изработен од ткаенина која содржи оптички влакна.

Фустанот сјае со сина светлина, но бојата може да се промени со допир на дисплејот кој е вграден во ракавот. “Ако сакате виолетова, фустанот ќе биде виолетов. Ако ви се допаѓа црвена, имате црвен. Само ќе го погледнете ракавот и одлучувате која боја ја сакате – објаснува Винтерс.

Дизајнерката соработува со експерти по технологија за да ги добие материјалите потребни за облеката која ја креира. Некоја облека реагира на звук, некоја на сончева светлина, а некоја на вода.

Нејзините креации се веќе користени во видео спотови или реклами. Не изработува облека за секој ден. “Тоа се примероци за изложба. Но, ако некој има неколку илјади долари заштеда, може да ги купи“, вели Винтерс.

Изработката на фустан со оптички влакна чини приближно 3 000 долари, но цената може да порасне зависно од дизајнот.

 

извор: metro-portal.hr