Без разлика дали одите на работа, излегувате со пријателите или на пијалок со дечкото – облечете фустан! Ова женствено парче облека ќе ги истакне сите ваши квалитети, ако знаете да го одберете вистинскиот модел, но и на сите ќе им покаже дека сте дама со стил.

За да изгледате шик и дотерано, купете фустан во стил на 60-тите, со цветен принт кој оваа сезона е апсолутен хит.

Ваквиот модел ја истакнува половината, градите, рамената и ги открива листовите на ногата, а ја прикрива “кората од портокал“. Девојките со облик на тело како круша би требало да носат вакви модели, тврдат стилистите.

Најлесно им е на дамите на кои телото им е совршено, како песочен часовник. Тие можат да облечат се и да им стои беспрекорно, затоа за нив е идеален чипкаст фустан припиен за телото, со длабок шлиц, особено ако трчаат во прегратките на саканиот. Во мода се и фустаните без ракави, со должина под колената, како и оние со длабоко деколте, на риги или црно-бело каро дезен.

Фустанот со А-крој, малку над колената, со ракави кои се до лактите или само ги покриваат рамената, се идеални за девојките со нагласени гради кои се градени како јаболко. Во овој фустан вашите нозе ќе дојдат до израз, се разбира и градите, а ќе ги сокријат рамената и широкиот грб. Овој модел е добар избор и за во канцеларија, како и деловни состаноци.

Извор:zenstvena.com