Уникатен фустан исткаен од златни пајакови влакна бил претставен во лондонскиот “Viktoria & Albert” музеј. Фустанот бил направен од досега најголемото парче текстил направено од пајакова мрежа, долго четири метри. Фустанот бил со природно силна златна боја, исткаен исклучиво од 1,2 милиони влакна од ендемскиот пајак од Мадагаскар кои за пет години ги собирале вкупно 80 лица.
Фустанот ќе биде изложен до 5 јуни во музејот “Viktoria & Albert” во Лондон. Бил дело на британскиот експерт за текстил Сајмон Пирс и американскиот дизајнер Николас Годли, кои долго време живееле на Мадагаскар и сакале на јавноста да и покажат една речиси заборавена уметност која може да биде многу привлечна за светот на модата. Последен пат едно парче облека од пајакова свила било креирано за изложба во Париз во 1900 година.