Фустанот на Џуди Гарленд од славниот мјузикл „Волшебникот од Оз“ е продаден во Њујорк за 1,56 милиони долари, објави аукциската куќа Бонхамс. Тој фустан беше ценрален предмет на аукцијата на која се лицитираше за 400 холивудски сувенири. Фустанот го носеше Џуди Гарленд во улогата на Дороти која своевремено ја лансира меѓу холивудските ѕвезди.
Претставникот на аукциската куќа Кетрин Вилиамсон изјави дека фустанот е вистиснка безвременска икона од класичниот период на Холивуд. „Волшебникот од Оз“, снимен во 1939 година, една година подоцна доби два Оскари, за најдобра оригинална песна и најдобра филмска музика. Втор најскап предмет продаден на аукцијата е фустанот на Мерлин Монро од филмот „Мажите повеќе сакаат русокоси“, кој е продаден за 425 илјади долари.