Белиот фустан кој Мерлин Монро го носела во филмот „Седум години верност“, во антологиската сцена во која стои над отворот на подземната железница, бил продаден на аукција за 5,6 милиони долари. на аукцијата одржана во саботата, уште три легендарни фустани на актерката биле продадени за вкупно 2,7 милиони долари. Еден од колекционерите изјавил дека се постигнатите суми се неверојатни, поготово во време на рецесијата која владее во светот.
Претходниот рекорд за фустан на Мерлин Монро датира од 1999 година, кога нејзиниот фустан кој го носела кога ја отпеала легендарната “Happy birthday” на тогашниот претседател Џон Кенеди, бил продаден за 1,26 милиони долари. Фустаните се само дел од збирката која на продажба ја изнела актерката, пејачка и танчерка Деби Рејнолдс, која 50 години собирала реквизити и сувенири поврзани со златниот период на Холивуд.