Охридската Билјана 006 по натпреварот од осмото коло ќе остане на лидерската позиција на прволигашката табела. Охриѓанки во  “Билјанини“ го совладаа новајлијата во друштвото Нарконон Балкан со 87-57.


Домаќинките фуриозно го започнаа првиот период кој го добија со 22-4. До полувремето разликата беше двојно зголемена 48-24.


Третиот период , тренер – играчот Балазоска им даде шанса на помладите, а гостиниките успеаа да го намалат на минус -10, 56 – 46, што резултираше со минута одмор.


Но тоа беше се` што успеаа гостинките да направат. Прашањето отколу победникот беше решено откако на терен се врати тандемот Балазоска (29 п ) – Кузеска (28 п) кои заедно постигнаа 57 поени колку што постигна целата екипа од Кавадарци.


Во малку бројната публика пристуен и Марјан Лазовски

Билјана – Нарконон 87-57 ( 22-4, 26-20, 12-22, 27-11)

Билјана 006 : Ангелоска 3, Шикоска 2, Балазоска 29, Цветаноска 2, Кузеска 28, Николоска 4, Миладиновска 2, Булоска 4.

фото Михаил Постоловски