Кошаркарите на Охрид запишаа нова победа во Втората кошаркарска лига, совладувајќи го Чаир на гостински терен со 82-71, по четвртини (17-20, 25-17, 7-15, 33-19).

„Галебите“ до четвртиот триумф во серија стигнаа со маестрална игра во решавачкиот квартал. Претходно, охриѓани парираа, но домаќините го контролираа резултатот и натпреварот.

Охридските кошаркари во последните 10 минути ги поправија сите аномалии во нападот и немилосрдно го полнеа кошот на домаќините. „Галебите“ постигнаа дури 33 поени, што беше доволно за двоцифрен триумф 82-71.

Со скор од четири победи и два порази, охридскиот кошаркарски клуб се наоѓа во самиот врв од табелата и на најдобар можен начин го најави дуелот со Тетекс, в сабота во СРЦ „Билјанини Извори“.

OhridNews