Фуриозен старт на новата сезона за 2025 година на ЏК “Дрим” Струга освојувајќи 22 медали во еден викенд.
ЏК „Дрим” Струга настапи во Романија на меѓународниот натпревар „Дробета Куп” со 6 џудисти на кој се закити со 3 медали и на меѓународниот натпревар во Грција „Аминдео” со 19 џудисти на кој имаа 100% учинок со освоени 19 медали.
ЏК „Дрим” Струга им го честита овој одличен и извондреден резултат на своите џудисти. Со ваквиот вообичаен резултат на нашите џудисти кој за нас постанува редовност во изминатиот период докажуваат дека џудото спортот во Струга е на највисоко ниво со тоа што претставуваме еден од најуспешните спортски колективи кои редовно го оправдува својот врвен квалитет, посочуваат.
Со медали се закитија:
Во Р. Грција:
златни
Мелани Јакуповска
Џан Џемаилоски
Ѓорѓи Јулоски
Божидар Коцев
Ивона Мојсова
Еда Салоски
Елеонора Јосифоска
сребрени
Енил Ајдиноски
бронзени
Сергеј Блажески
Ајлин Бајрамоска
Ненад Костоски
Михаил Недески
Лука Трца
Мунир Ајдиноски
Матеј Димитроски
Катерина Клењоска
Софија Ноческа
Дарио Стојанов
Мила Стојанова
Во Романија:
златни
Анамарија Стојмиловска
бронзени
Амар Бајрамоски
Давид Спироски
без пласман
Јован Наумоски
Драгица Рафтоска
Даниел Јосифовски.
OhridNews