Ракометарките на Лихнид имаа фуриозен почеток на новата сезона во Кадетската лига победувајќи го тимот на Шампион со 25-13 (11-9) во Скопје.

„Китовите“ кои минатата сезона завршија на третото место на средината од првиот дел го покажаа вистинското лице играјќи ефикасно во напад и агресивно во одбрана.

Во вториот период избраничките на Филип Јованоски и Билјана Смилевска-Богданова одиграа уште подобро и стигнаа до убедлива победа со двоцифрена разлика на семафорот.

Осум голови во триумфот постигна Викторија Алексиеска, на пет застана Теодора Балоска, четири реализираше Драгана Усовиќ, по три пати ефикасни беа Ивона Блажеска и Николина Угриноска, а по еднаш мрежата ја погодија Марија Петреска и Мартина Чавковска.

OhridNews