Охридските кошаркарски надежи забележаа нова победа во младинската лига совладувајќи го Пелистер на домашен терен со 82-68 (19-22, 21-16, 13-21, 29-9) во седмата рунда од шампионатот.


До третата победа во лигата кошаркарите на АВ Охрид дојдоа со фуриозен финиш во последната делница која ја добија со 20 поени разлика (29-9).

Претходно битолските кошаркари го контролираа резултатот во натпреварот, но избраниците на тренерскиот тандем Стојаноски-Митрески експлодираа кога беше најпотребно.

Перфектен натпревар одигра Стеван Глигоријевиќ кој постигна 45 поени, а констатна помош добиваше од Христијан Стојаноски (14) и Драган Узоноски (13).

Во следната осма рунда „галебите“ гостуваат во Градски парк кај составот на Работнички.

OhridNews