Македонската фудбалска репрезентација претрпе пораз 2:3 од репрезентацијата на Шпанија иако во првото полувреме водеше со 2:0 со головите на Горан Пандев на арената „Филип II“ во Скопје во пријателски натпревар по повод одбележувањето на 100 – годишнината од фудбалската игра во земјава.

Околу 25 000 гледачи го следеа натпреварот на реновираниот стадион на кој  свечено беше отворена новата северна трибина.

Пред почетокот на натпреварот симболично од репрезентацијата се прости големиот Артим Шаќири.

Ohridnews