Репрезентацијата на Македонија под 19 години претпре убедлив пораз 5-1 од соодветната репрезентација од Шпанија, на квалификацискиот турнир во Ла Форана.


Каналес, на два пати Морено, Пачеко и Кеко беа стрелци за црвената фурија, додека почесниот гол за црвено-жолтите беше дело на Станков.


Во останатиот натпревар во групата Португалија со 3-0 го совлада Велс. Mакедонија во второто коло ќе игра против Португалија, додека Шпанија ќе игра против Велес. Двете прволасирани екипи обезбедуваат пласман во понатамошните квалификации.

М.П.