Екипата на Манчестер Јунајтед забележа нова победа во англискиот шампионат совладувајќи го Фулам со 3-0 во првиот меч од 26-та рунда во Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“ со триумфот на Кревен Котиџ ја продолжија победничката серија на гостински терен и се искачија на четврата позиција на табелата.
Голем дел од дилемите околу победникот гостите од Манчестер решија во првите 45 минути. Во режија на Пол Погба и Ентони Марсија гостинските фудбалери два пати ја погодуваа мрежата на Фулам. Погба на асистенција од Марсијал со погодокот мртов агол го отвори резултатот. Марсијал водството го дуплираше со прецизен удар после маестралниот соло продор. Точка на натпреварот стави Погба со вториот погодок на мечот за него кој го постигна од белата точка.
Солскјаер максимално ја искористи предноста и од игра ги извади Погба, Матиќ и Марсијал, а на мечот воопшто не настапија Маркус Рашфорд, Џеси Лингард и Виктор Линделоф кои зачуваа сили за престојниот дуел со ПСЖ во 1/8 финалето во Лигата на Шампиони.
OhridNews