Екипата на Фулам го назначи Скот Паркер за нов менаџер, откако италијанскиот стратег Клаудио Раниери резултатски не ги оправда очекувањата и доби отказ.
Паркер за кого ова ќе биде прво вакво искуство ќе биде трет менаџер на Фулам оваа сезона. Мечевите во Премиер лигата ги започна Славиша Јокановиќ, а после нецела полусезона го наследи Раниери, кој го снајде иста судбина како неговиот претходник.
Фулам се наоѓа на работ од бездната во Премиер лигата, а колку ќе може Паркер да ја исправи работата во последните десет рунди останува на видиме. Единствено послаба екипа од Фулам е Хадерсфилд, кој е последен на табелата со три бодови дефицит.
OhridNews