Македонија треба да продолжи со веќе започнатите реформи, бидејќи земјата сега е исправена пред круцијални одлуки од кои зависи членството во ЕУ и НАТО, порача денеска од Струга евроамбасадорот Фуере.
Реформите како витален интерес треба да бидат душата на самиот консензус, смета Фуере кој и денеска го поздрави политичкиот дијалог помежу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ. “Ние од првиот ден на бојкотот ја повикавме ДУИ да се вратат во Парламентот бидејќи без разлика од која партија доаѓа бојкотот тој го нарушува имиџот на земјата“, а партијата која ги бојкотира институциите не и помага на државата во доближувањето кон ЕУ и НАТО“, рече Фуере.
Во врсака со некои најави за одржување предвремени избори евроамбасадорот истакна дека за тоа одлука носи владата, но како што рече “во овој момент тоа би било многу негативно, бидејќи тоа би било исто како да скокнете од воз во движење“. Тој воз рече Фуере со голема брзина се движи кон својата цел,, а тоа е членство во ЕУ и НАТО и затоа сите политички партии пред се и над се треба да размислуваат како да го придвижат тој воз напред.
Г. Момироски