Тоа што вчера се случи во македонскиот парламент беше срамно, и парламентот треба да биде место кое што ќе ги запазува највисоките стандарди на демократијата и дијалогот. Но вчера во македонскиот Парламент не бевме сведоци ниту на демократија ниту на дијалог, изјави денеска во Охрид амбасадорот на ЕУ во Македонија Ерван Фуере.
„Вчерашните случувања рефлектираат лоша слика за политичарите во Македонија, а она што посебно ме загрижува е што им се дозволува на лични обезбедувања да се шетаат низ Собранието,а тие не би требало да имаат пристап ниту еден милиметар во законодавниот дом“, рече Фуере.
„Најостро ги осудуваме сите инциденти што вчера се случија во Парламентот, особено нападот врз новинаритеи медиумите кои што таму си ја вршеа својата работа, додаде Фуере. Но, она што уште повеќе застрашува е помислата луѓето што го направија тоа во Собранието, што се’ би правеле на улица, поради што и обичните граѓани се во опасност, така што мора да се размисли за овој проблем и ваквите работи не смеат да се повторат во иднина“, рече Фуере.
Тој информираче дека апелирал до премиерот да свика итна средба со лидерите на политичките партии за да се ублажи настатаната ситуација и конечно да започне толку потребниот процес на реформи.
Горан Момироски