Претседателот на Република Македонија, Бранко Црвенковски денеска во Охрид оствари средба со Специјалниот претставник на ЕУ и Шефот на Делегацијата на Европската Комисија во земјава, Ерван Фуере.

На средбата, како што соопшти кабинетот на претседателот, Фуере го запознал Црвенковски за последните ставови на Еврокомесарот  Оли Рен и Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана од посетата на Брисел.

Европретставникот Фуере во разговорот со Претседателот Црвенковски  ја потенцираше потребата за продолжување на  реформските процеси со забрзано темпо, продолжување на политичкиот дијалог помеѓу власта и опозицијата, кохабитацијата помеѓу двете најважни институции во државата како и  исполнување на сите активностите поврзани со интегрирањето на Република Македонија кон ЕУ, се наведува во соопштението за јавност од кабинетот на претседателот.

Претседателот Црвенковски се заблагодари на поддршката која во континуитет ни ја даваат претставниците на ЕУ и  изрази уверување дека земјава има капацитети успешно да ги продолжи реформите и да ги задоволи критериумите што од неа се бараат, се вели во соопштението од неговиот кабинет.

ohridnews