На Македонија сега и е потребно политичко единство за елиминирање на забелешките од извештите на Европската комисја и продолжување на патот кон ЕУ, истакна евроабасадорот Ерван Фуере, кој денеска престојуваше во работна посета на Охрид. Важно е целото политичко раководство, односно државниот врв обединето да работи на примена на препораките содржани во Извештајот на Европската комисија, Рече Фуере.

– Очекувам Извештајот да биде еден вид поттик сите партии да ги надминат сопствените интереси и да се обединат во контекст на негово остварување, што впрочем е и она што граѓаните го очекуваат, изјави Фуере.

Запрашан за забелешките во Извештојот за влијанието на политиката врз работата на медиумите, Фуере рече дека тоа  прашање било внимателно разгледано не само од Европската комисија, туку и од ОБСЕ и меѓународната асоција на новинарите.

– Знаеме каков беше притисокот врз медиумите за време на изборите, рече Фуере. Целата меѓународна заедница, вклучувајќи ги тука и ОБСЕ, Меѓународната федерација на новинарите, секако и ние од ЕК сите заедно изразуваме особена загриженост за прашањето околу политичките притисоци врз медиумите на последните избори и како што наближуваат следните избори ние ја повторуваме пораката дека слободата на медиумите мора да биде целосно загарантирана, додаде Ерван Фуере.

Ohridnews