-Ова е привилегија за мене да учествувам во една прекрасна традиција која се надевам дека ќе продолжи уште долги години и во која се надевам ќе имам можност да учествувам и понатаму, бидејќи и традицијата и луѓето тука се преубави, изјави Фуере.
Покрај Фуере меѓу стотината капачи беше и градоначалникот на Охрид Александар Петрески. Тој истакна дека Денот на рибарите е симбол на македонската традиција.
– Се капам за здравје. Водата беше малку поладна од минатите години, но денеска денот е таков што никој не се разболува, рече Петрески.
Второт столитарско буре организаторот на манифестацијата, здружението на граѓани „Богојавление“, му го подари на ветеранот на Водици, Митко Матијаноски – Касапот, кој виното го сподели со охриѓани.
Меѓу капачите на Сараиште имаше еден јапонец и претставник на градски власти од Мадрид – Шпанија. Од разговорот со неговиот домаќин, охридскиот фоторепортер, Емил Јовановиќ, дознавне дека јапоснкиот турист на пропатување низ светот во Охрид се задржал два месеци. Тој е одушевен од убавините на градот и прекрасната традиција, така што решил да им се придружи на капачите.
Традиционалната манифестација на САараиште ја проследија неколку илјади граѓани и гости. Атмосферата беше надополнета со староградска музика, околу 400 килограми пржена плашица, и околу еден тон греана ракија и вино.
традицијата зачинета вино, плашица и добра музика