Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Ерван Фуере, денеска посети повеќе гласачки места во Охрид, Струга, Велешта, Радолишта и во Велгошти. Тој уште еднаш упати апел за, како што рече, колку што е можно да се намалат сите можности нешто да биде оквалификувано како притисок, без разлика дали е тоа отворен или скриен притисок
– За жал ние веќе осведочивме одредени видови на притисоци во Вевчани на пример и апелирам овие преостанати часови до затворањето на гласачките кутии и пребројувањето на гласовите да се искористат на најдобар можен начин навистина да се демонстрира една фер и демократска атмосфера каде граѓаните ќе можат слободно да излезат и да гласаат, затоа што тоа е од клучно значење за државата, рече Фуере.
Евроамбасадорот, потенцираше дека треба во средините каде постојат одредени ранливи групи на граѓани да се обрне посебно внимание за тие да можат слободно да ги дадат своите гласови.
Фуере најави дека ќе посети уште неколку гласачки места во Охрид и охридско, по што ќе ги посети Гостивар, Тетово и Скопје.