Евроамбасадорот во заминување Ерван Фуере, побара итно зацврстување на политичкиот дијалог, кој како што рече е неопходен во моментов.

 „Јас се надевам дека ќе се овозможат услови за враќање на сите политички партии во Собранието. За нас од апсолутен приоритет е Владата да ги следи препораките од Извештајот на Европската комисија, а ние бараме итно зацврстување на политичкиот дијалог кој е неопходен во моментов“, рече Фуере.
 
За можноста за предвремени избори, Фуере посочи дека тоа е одлука на Собранието, но она што е важно како што истакна, е дека земјата се соочува со ургентни предизвици  како што е економската ситуација, социјалните случаи, невработеноста, кои се проблеми што бараат внимание од Владата.

OhridNews
извор: Makfaks