Патот на Македонија води преку имплементација на Рамковниот договор, изјави денеска во Охрид, евроамбасадорот Ерван Фуере.

– Свесни сме за тоа  дека имаше слабости во делот на имплементацијата но истовремено веруваме  дека во интерес на сите етнички заедници во Македонија е да се фокусираат на тоа што постои и да се осигура целосна имплементација на Охридскиот  договор, рече Фуере..

Во врска со ставовите на лидерот на ДПА според кој Рамковниот договор треба да се замени со нов, Фуере истакна дека таквите барања се непотребни.

Најдобро е Македонија да се фокусира на тоа што веќе постои, и да се обиде ја подобри имплементација на Охридскиот рамковен договор. Нема сомнение дека господинот Тачи ги воочил слабостите во имплементација на Охридскиот договор кои постојат во повеќе области како што е во делот на образованието, поради што ние денеска одиме во Струга. Но, сигурен сум дека  доколку има повеќе напори во импллементацијата на Охридскиот договор тогаш овие најави и барања кои што ги упати господинот Тачи ќе бидат непотребни, истакна Фуере.

Според евроамбасадорот, нема потреба од нов договор, особено кога се знае дека постоечкиот  навистина дава еден огромен придонес во политичката стабилност и е заслужен за добивањето на кандидатскиот статаус на државата во 2005 година.

– Јас верувам  дека најдобар интерес на државата е да се фокусира на Охридскиот рамковен договор и да обезбеди негова ефективна имплементација, особено на деловите каде што има слабости, подвлече Фуере.

Ohridnews