Евроамбасадорот Ерван Фуере утринава го посети основното училиште Христо Узунов.

Пред бројните ученици Фуере истакна дека е чест и задоволство што е тука ден после големиот празник, Денот на Патронот на градот, Свети Климент Охридски.


Драго ми е што сум меѓу основците на училиштето кое го носи името на познатиот револуционер Хисто Узунов кој се борел и го дал својот живот за слободата и принципите во кои верувал. Тоа е еден симбол дека сите ние треба да се бориме во нашиот живот за постигнување на одредени цели во кои веруваме, применувајќи ги начелата на толеранција и меѓусебно почитување, рече евроамбасадорот.


Фуере на учениците им зборуваше и за основните начела според кои се води Европската унија и земјите членки. – Целта на постоењето на ова големо европско семејство е токму меѓусебната соработка и почитување, мирот, патувањето без граници, истакна Фуере.


Од страна на вработените и учениците при ОУ Христо Узунов на евроамбасадорот Фуере му беше доделена благодарница.

OhridNews