Фуере ја повика власта да организира лидерска средба
02.02.11 15:17
Евроамбасадорот Ерван Фуере по средбата со лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски уште еднаш повтори дека бојкотот не е начин за решавање на проблемите во Собранието и ја повика опозицијата да се врати во законодавниот дом. Тој изрази жалење за неуспехот на владата да ги следи препораките на Европската комисија. „Истовремено морам да кажам дека жалам за неуспехот на владата да ја следи препораката на комисијата од оваа година и од минатата година да обезбеди политички дијалог и токму поради тоа необезбедување на политички дијалог во земјава, се наоѓаме во денешната ситуација“, рече Фуере.
Тој ги повика властите да организираат лидерска средба која ќе биде фокусирана на новонастанатата политичка ситуација.
Фуере е категоричен дека политичка криза има, но вели дека сите партии треба да ја испитаат својата одговорност за ова што се случува. Во врска со слободата на медиумите Фуере вели дека владата треба да создаде услови за непречено функционирање на медиумите.
На 12032025 во 0800 часот, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 71 годишно лице од сДелогожда, струшко При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одзе...
Утре од 1200 часот во големата сала на Општина Охрид гостува Лилјана Стоилковска со перформансот на монодрамата „Љуба“ од позната македонска писателка Ката Мисиркова – Руменова Лилјана Стоилковска,...
Советот на Општина Охрид утре ќе ја одржи педесет и четвртата седница со почеток во 9 часот Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид, а на Дневен ред се 71 точка Пред советниците се извеш...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.