„Не можам да претпоставам што ќе содржи извештајот. Ќе има делови за напредокот на државата, но и некои делови каде се забележани слабости, за кои ќе биде владата ќе биде охрабрена да се фокусира на нив, бидејќи се уште се потребни реформи што бара многу работа за доброто на граѓаните“ – рече евроамбасадорот Ерван Фуере во врска со претстојниот извештај од Европската Комисија за постигнатите резултати на Македонија.
Средбата на премиерите на Македонија и Грција во Брисел, Никола Груевски и Јоргос Папандреу, Фуере ја оцени како позитивен развој на настаните.
„ Колку повеќе има дијалог, толку повеќе има доверба. Се надеваме дека ќе резултира со решение во најкраток можен рок“ – одговори Фуере на новинарско прашање на денешниот детски спектакл организиран од „Млади инфо“ со подршка од делегацијата на ЕУ во Скопје.
извор:„Макфакс“