Со местењето на подлогата и санирањето на просторот околу теренот фудбалското игралиште со вештачка трева во Охрид влезе во последна фаза.


Теренот со вештачка трева ќе ја збогати спортската понуда во Охрид за екипите кои ќе дојдат на подготовките во зимската пауза од националните првенства.


Стадионот го гради Општината Охрид, а донација е од Македонската фудбалска федерација и Европската куќа на фудбалот (УЕФА) и чини околу 200 000 евра.

Мх.П.