Фудбалското игралиште на Градскиот стадион ќе биде затворено за користење од 15 мај до 05 јуни 2022 година информираат од ЈП „Билјанини Извори”.

Имено во наведениот период на фудбалскиот терен при Градскиот стадион ќе се вршат тековни годишни активности (дупчење, садење на трева и фрлање на ѓубриво) кои се во насока на подобрување на условите на фудбалското игралиште, велат од претпријатието.

Додаваат дека и во наредниот период јавното претпријатие ќе биде фокусирано согласно годишната програма за подобрување на условите на спортската инфраструктура со која стопанисува претпријатието.

OhridNews