Вардар – Влазрими 10:0 (4:0)

Стадион Билјанини Извори. Гледачи 500. Главен судија Бошков Зоран (Неготино). Помошници  Стефанов Зоран и Недев Гоце од Кавадарци .

Стрелци (17` Киорвски,18` Кировски, 30` Вандаир, 34` Вандаир , 46` Пеев , 50` Пеев, 57` Тиаго ,71` Пеев ,79` Тиаго, 88` Тиаго)

жолти картони (Ѓеоргиевски ,Тиаго,Кировски ,Демири (В)

ВАРДАР : Коруновски , Брага – Тонев 45`, Секуловски, Демири ,Перендија, Поцев, Вандаир – Тиаго 53`, Кировски – Петров 72`, Емрулаху  Фиљо

ВЛАЗРИМИ : Јусуфи , Зекири ,Љамчески , Кадриу – Арслани 45`, Балази, Попцаноски,  Алтипармакоски, Јусуфи, Арсланоски, Јаховиќ, Арслани.

Вардарци со полна мрежа голови го испрати фенерџијата Влазрими. Скопјани поради казна играа во Охрид. Дека Фудбалот се игра за голови на најдобар начин го го демонстрираа црвено- црните постигнувајки ја рекордната победа во првенството. Невообичаено дури двајца вардарци постигнаа хет –трик, Пеев и Тиаго. Од самиот старт „домаќините“ во Охрид наметнаа темпо, а отпорот го скршија во 17 минута. Гол ревијата ја отвори повратникот во тимот Кировски. Една минута подоцна истиот играч зголеми на 2-0. До крајот на првите 45 мин. на два пати му асистираше на Вандаир за високо водсвто од 4 спрема нула.

Ако првото полувреме им припадна на Кировски и Вандаир, вториот дел им припадна на Пеев и Тиаго. По првите 5 мин. од вториот дел Пеев на два пати стрелаше прецизно. Замената за Вандаир Тиаго своето гол-шоу го започна во 57`, првиот хет рик на натпреварот го постигна Пеев, серијата ја затвори Тиаго кој постигна хет –трик за само 30 мин игра.

Највиската победа во досегашниот дел на  првенството ја имаше Работнички со 8-0 над Брегалница,а највисока победа во македонската историја ја има Силекс над Рудар со 16-1.

М.П.