Фудбалерите на Тигрес се пласираа во 1/4 финалето во Лигата на Шампионите во КОНКАКАФ зоната. Тигрес на спектакуларен начин ја елиминираа Алианца со победата од 4-2.

Голот кој на Тигрес им обезбеди влез во четврт-финалето го постигна голманот Науел Гузман во 94-та минута од натпреварот. Во последната акција на натпреварот Де Варгас нафрли од слободен удар пред голот на Алианца, а голманот Де Гузман со глава постигна гол.

Инаку, првиот меч во Ел Салвадор заврши со поебда на Алианца од 2-1, во реваншот Тигрес имаа 3-0 со головите на Енер Валенсија и Андре-Пјер Жињак. Сепак Алианца до крајот на полуврето се вратија во мечот со головите на Портиљо во 33 и 42 минута. Во второто полувреме немаше голови се до финишот, кога на веќе опишаниот начин голманот на Тигрес постигна гол.

Тигрес во четврт-финалето ќе играат против Њујорк Сити.

OhridNews