Фудбалските натпревари во Шпанија од петок повторно би требало да се играат пред 100-процентна исполнетост на трибините, објави шпанското Министерство за здравство.

Одлуката доаѓа по денешниот состанок на здравствените власти со седумнаесет автономни покраини на кој едногласно е договорено проширување на капацитетот од сегашните 60 отсто.

Шпанија во март 2020 година целосно ги затвори стадионите и спортските сали поради пандемијата на коронавирус која во земјата со 47 милиони жители зарази 4.9 милиони луѓе и однесе 86.000 животи.

Почетокот на новата сезона дозволи делумно враќање на гледачите со задолжително носење заштитни маски на лицата и одржување растојание меѓу посетителите.

Во Шпанија заклучно со денеска комплетно се вакцинирано 76.9 отсто од населението што овозможи дополнително олеснување на мерките.

 

OhridNews