Фудбалските школи ФК Ла Масија, ФК ОСК Фер Плеј, ФК Охрид Топ Тим, ФК Еврофудбал 2 и ФК Копенхаген од Охрид заедно со останататите фудбалски школи од цела Македонија побараа состанок со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и Агенцијата за млади спорт (АМС) со цел да се најде начин за надминување  на финансиската криза поради пандемијата со коронавирусот.

После прогласувањето на вондредна состојба сите спортски активности прекинаа, школите престанаа со тренинзи а со тоа стана неизвесна нивната иднина со оглед дека единствен прилив е чланарината. Според официјалниот систем во ФФМ, во фудбалските школи во нашата земја партиципираат 6 000 млади и надежни фудбалери.

OhridNews