Македонската фудбалска репрезентација до 21 година подготовките за дуелот со Црна Гора 16 ноември ќе ги одработи во Охрид.
Првиот собир составот предводен од селекторот Благоја Милевски ќе го има на 10 ноември, а подготвителниот период во Охрид ќе трае четири дена.
– Натпреварот против Црна Гора можеби е последната проверка пред мартовскиот термин за кога се најавува почеток на новиот квалификациски циклус. Се надевам дека играчите кои ќе бидат повикани за контролната пресметка ќе бидат здрави, во добра форма и подготвени да одговорат на новиот предизвик. Нашата определба е јасна, да наметнеме нова филозофија во младата репрезентација која ќе донесе позитивни промени. Во победата против Романија покажавме дел од таа определба, се надевам дека играчите на ист начин ќе го сфатат и дуелот против Црна Гора. Односот кон репрезентативниот дрес мора да биде на високо ниво и со многу поголема самодоверба да ги дочекаме следните предизвици. Во зависност од тоа кои фудбалери помлади од 21 година ќе се најдат на списокот на селекторот на А репрезентацијата, ќе го креираме и нашиот список со играчи на кои ќе сметаме за натпреварот со Црна Гора – рече селекторот на младинската селекција на Македонија.
Мх.П.