Македонскиот фудбал загуби голем човек се зборовите на фудбалските легенди во Македонија по дознавањето за загинувањето на Петар Милошевски.
Милошески, кој во А селекцијата имаше 59 настапи, а своевремено ја носеше и капитенската лента почина во сообраќајна несреќа која се случи синоќа на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка.
Поранешните соиграчи од А селекцијата на Милошевски, Артим Шаќири и Гоце Седлоски и селекторот на Македонија, Никола Илиевски Џиџи беа шокирани поради загубата на нивниот пријател.
Мх.П.