Пред 40 години на осми август на „Грашница“ се одигра фудбалскиот натпревар меѓу Охрид и Борац од Бања Лука во рамките од 1/16 финалето во Купот на Југославија.

Тогаш „белите“ претрпеа пораз од 4-3 иако имаа предност од 3-1 и го завршија настапот во купот за „Титовиот трофеј“. Охридските фудбалски легенди со свечена цероменија ќе го одбележат јубилејот од најсветлиот ден во охридскиот фудбал.

Организациониот одбор подготви коктел на кој тогашните актери ќе ги споделат сеќавањата од историскиот меч за останатите граѓани.

– Голема благодарност до Општината Охрид, градоначалникот Никола Бакрачески, секретарот Димитар Спасески и златарата „Буоно Сера“ кои ни овозможија и помогнаа да ја организираме свечената цероминија за одбележување на историскиот ден во охридскиот фудбал – рече Насте Мише.

Покрај коктелот фудбалските легенди ќе го посетат стадионот „Грашница“, кој пред 40 години „крцкаше“ на легендарниот натпревар во Купот на Југославија.

Мх.П.