Најдобрите фудбалски арбитри од земјава во Охрид минаа тридневни тестови кои се неопходни пред продолжението на Првата и Втора лига.


Два дена македонските арбитри имаа теоретски предавања и полагање, а последниот беше резервиран за физичките тестови.


Од осумдесет арбитри на помошната листа само еден не успеа да ги мине физичките тестови, а меѓу успешните беше и охридскиот преставник Жарко Тодоровски.

„Главните“ судии меѓу кои се охриѓаните и Стефче Шулески, Марјан Маркоски и Марјан Ецкоски минаа без никаков проблем.

– Сите судии се подготвени за продолжението од македонските шампионати. Очекувавме ваков расплет околу полагањето бидејќи и на претходното тестирање имавме одлични успеси. – кратко прокоментираа од ФФМ.

Физичките тестови се на долги и кратки патеки. На долгите делници се трча шест круга по 300 метри со 100 метри пешачење додека на кратките се трчаат 50 метри за 6,2 секунди.

Ohridnews