Вештачкиот фудбалски терен при СРЦ „Билјанини Извори“ подготвен за пријателскиот фудбалски натпревар помеѓу ФК “Воска” и ФК “Ренова” и  што ќе се одигра денес во 14:00 часот.

Во овие екстремни зимски услови максимално посветени кон интересот и потребите на спортот, велат од Ј.П. Билјанини Извори.

Ова е втор контролен натпревар за екипата на ФК Воска Спорт во рамки на подготовките за пролетниот дел од сезоната.

Инаку, ФК „Ренова“ традиционално во Охрид ги започна подготовките за претстојната пролетна полусезона. Тетовчаните веќе тренираат на терените на СРЦ „Билјанини Извори“, а ќе продолжат со тренинзи и поготвителни натпревари во Охрид се до први февруари.

OhridNews