Искршените, извалканите и старите столчиња на фудбалскиот стадион во Охрид ќе бидат заменети со нови, кои, Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ ги доби како донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Вкупно 1 700 сини столчиња ќе бидат поставени на единствената трибина и стадионот во Охрид ќе добие нов лик. За што подобри услови ЈП „Билјанини Извори“ претходно ги реконструираше и соблекувалните под трибинскиот простор.
ЈП „Билјанини Извори“ постепено ги подобрува условите за работа за екипите и фудбалските школи кои функционираат во Охрид и оние екипи кои доаѓаат на подготовки во нашиот град.
OhridNews