Фудбалскиот стадион „Атина Бојаџи“ кој е во склоп на Спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“ блесна во ново руво и доби нов лик, откако на единствената трибина беа наместени сини столчиња.
Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ со поставувањето на столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) продолжи постепено да ги подобрува условите за работа за екипите и фудбалските школи кои функционираат во Охрид и оние екипи кои доаѓаат на подготовки во нашиот град.
Претходно во работна акција од вработените во ЈП „Билјанини Извори“ расчистен беше шутот под трибинскиот простор и реновирани беа соблекувалните.
Мх.П.