Атомски фудбал со 5 погодоци донесе првото полуфинале од ФА купот во Англија, во кое на легендарниот стадион „Вембли“ се сретнаа големите ривали Манчестер Сити и Ливерпул. Славеа избраниците на Јирген Клоп со 3:2 за пласман во големото финале.
Клучно за исходот на мечот се покажа првото полувреме во кое на теренот постоеше само еден тим – Ливерпул. Црвените од „Енфилд“ доминираа во играта и со висок пресинг им создадоа многу проблеми на „граѓаните“ чија игра буквално се распадна. Конате и два пати Мане му донесоа на Ливерпул убедливи 3:0 на полувреме.
Во вториот дел некој друг Манчестер Сити на теренот, рамноправен, опасен. Грилиш со брз гол на почетокот од второто полувреме намали на 3:1. Габриел Жезус имаше две стопостотни шанси да намали на гол разлика, а Салах на другата страна да го реши мечот.
Завршницата донесе драма откако шпо еден продор на Риад Марез Бернардо Силва намали на 3:2, но тоа беше се што направи Сити кој доцна се пробуди.
Во второто полуфинале, кое се игра утре, исто така на „Вембли“, се среќаваат Челзи и Кристал Палас.
Г.М.