На теренот со вештачка трева на СРЦ „Билјанини извори“, викендов се одржа четвртиот по ред фудбалски куп „Coca-Cola“ на АД „Пивара“ – Скопје , Coca-Cola и Отворени забавни фудбалски школи.

Во полуфиналето учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“, се сретнаа со екипата од Гимназија и беа подобри со резултат 7:3, додека во борбата за првото место играа против мешана екипа од средните училишта и со резлутат од 5:0 го освоија првото место на турнирот.

Интересно е тоа што на натпреварите во составот на екипите имаше и девојчиња.

Инаку на турнирот учествуваа ученици на возраст од 12 до 16 години, од основните и средни училишта од општината Охрид. Турнирот ќе биде заокружен со полуфиналните и финалните натпревари на државно ниво кои ќе се одиграат на 30 мај во Градскиот парк во Скопје.

OhridNews