Фаљи Рамадани, еден од најмоќните фудбалски агенти на светот, е под истрага на шпанските власти за учество во шема за перење пари во Мајорка.

Рамадани, кој е роден тетовец, е посебно влијателен на просторите на поранешна Југославија, а е претставник на  фудбалери како Лука Јовиќ, Миралем Пјаниќ и Калиду Кулибали.

Шпанската граѓанска гарда, заедно со лицата задолжени за откривање на организиран криминал шест часи ја претресувале неговата куќа во Калвија, на островот на Мајорка и тој ќе мора да се појави пред судот во Мадрид следната недела. Според шпанските извори во скандалот е вклучен уште еден агент од источна Европа, инаку сосед на Рамадани на Мајорка.

OhridNews