Бразилскиот фудбалски клуб Гремио решил да им подели вијагра на играчите за да играат што подобро. Со оглед на тоa што вијаграта ја забрзува циркулацијата, челниците сметаат дека ова ќе им помогне во најелитното натпреварување во Јужна Америка- Копа Либертадорес. Клупскиот лекар изјавил дека ова ќе биде одличен потег.
Челниците веруваат дека вијаграта најмногу ќе им помогне на гостувањата во Боливија каде натпреварите се играат на многу голема надморска висина. Само за потсетување, репрезентацијата на Аргентина неодамна беше прегазена од Боливија со 6 спрема 1. Очигледно аргентинците не користеле вијагра на тоа гостување.