Фудбалерите на Црвена Звезда го освоија трофејот во Купот на Србија, победувајќи го Партизан на пенали 4-3, откако регуларниот дел од натпреварот и продолженијата завршија без голови и без победник 0-0. „Црвено белите“ со триумфот во Купот ја потврдија доминацијата во српскиот фудбал, бидејќи претходно ја триумфираа во националниот шампионат.

Сепак, да не биде се во знакот на фудбалот се погрижи фудбалерот на Црвена Звезда Гобелиќ, кој после завршување на пенал рулетот му ги соблече гаќите на голманот на Партизан Стојковиќ. Неспортскиот и непромислениот потег на Гобељиќ наиде на осуда од јавноста, која бара драстична суспензија.

Неспортскиот потег на Гобељиќ.

OhridNews