Една од генерациите во најстарата Фудбалска школа во Охрид, Еврофудбал блесна во ново руво. Новата опрема за фудбалерите родени 2008 година ја донираше културно-уметничката ѕвезда, Елена Велевска.
Новата опрема членовите во Фудбалската школа Еврофудбал ја испробаа веднаш, играјќи контролен натпревар со школата „Ла Масија“ од Охрид на теренот со вештачка трева.
– Големите луѓе се препознаваат по делата, затоа и јас тежнеам да правам само добри дела. Сакам да помагам и ќе продолжам да го правам тоа, бидејќи сакам да ги гледам луѓето околу мене среќни. Во генерацијата во која ја донирав опремата се натпреварува и мојот син Марко и ова сакам да биде поттик за него и за останатите дечиња. Јас лично сум голем вљубеник во спортот и секогаш слободно време го користам да спортувам или да гледам во живо или на телевизија. – рече Елена Велевска.
Еврофудбал на големо се подготвува за престојните мечеви кои следуваат во Детската фудбалска лига и во регионалната лига во која се натпреваруваат најдобрите екипи од Охрид, Струга, Кичево и Дебар.
Мх.П.