Фудбалската репрезентација на Македонија се поизвесно е дека ќе остане без селектор откако актуелниот Чедомир Јаневски потпиша договор со белгискиот прволигаш Монс.


По завршувањето на квалификациите за мундијалот во Бразил завршува и договорот на Јаневски, но тој не почека за разговори околу нов договор со челниците на Македонската фудбалска федерација, туку замина тивко во Белгија и го презеде последнопласираниот тим на табелата.

– Мојот син е роден тука во Белгија. Ја чувам мојата куќа во Бриж. Секогаш кажував дека сакам да се вратам во Белгија, па сега ја искористив можноста која ми се укажа. Ја почитувам досегашната работа во овој клуб досега. Мојата работа, пак, започнува веднаш штом го завршам ова интервју – рече Јаневски по презентација како тренер на Монс.

До крајот на квалификациите Македонија игра два натпревари и тоа на гостински терен против Велс и Србија.

Мх.П.