По тримесечна пауза од разврската во групите, утре почнува нокаут фазата во Лигата на шампиони со првите два осминафинални дуели во кои Милан е домаќин на Тотенхем, додека Баерн во Минхен го пречекува ПСЖ.
Челзи в среда му гостува на Борусија Дортмунд, додека Клуб Бриж е домаќин на Бенфика.
Првите натпревари во рамки на осминафиналето ќе бидат комплетирани идната недела кога на програмата се пресметките меѓу Ајнтрахт Франкфурт – Наполи, Ливерпул – Реал Мадрид, Интер – Порто и Лајпциг – Манчестер сити.
Реваншите се на програмата на 7, 8, 14 и 15 март.
OhridNews