Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина (БиХ) направи сериозен пропуст честитајќи им на фудбалерите на Зрињски пласман во групната фаза во Конференциската лига, иако екипата од Мостар, всушност, претрпе елиминација вчера од словачки Слован во плејофот.

Зрињски се до 122. минута од продолжение имаше резултат (1-1) кој го водееше во групната фаза и во тој момент на Фејсбук-профилот на Фудбалската федерација на БиХ беше објавена честитка со порака: „Историски резултат за босанскохерцеговскиот клупски фудбал. ХШК Зрињски оствари пласман ви групната фаза во УЕФА Конференциската лига. Браво ХШК Зрински“.

Меѓутоа, Слован преку Ерик Рамирез постигна гол во 122. минута и го однесе натпреварот на пенали по чие изведување беше поуспешен со 6-5 и обезбеди пласман во натпреварите по групи.

Објавената честитката веднаш беше повлечена од профилот на Фудбалската федерација на БиХ.

OhridNews