La Fabrique

Од 25.05.2021 - 16:00 до 25.05.2021 - 18:30

Фудбалерите на ГФК Охрид, во вторник, 25 мај, во 16 часот, на теренот на ФФМ во Скопје, играат бараж натпревар за влез во Првата лига против Ренова. Поради актуелната здравствена криза мечот ќе се одигра без присуство на публика, но фудбалската атмосфера нема да изостане.

 

Охриѓани со душа и срце се со своите фудбалери. Тие ќе ги бодрат своите миленици покрај телевизиските екрани, а отако протоколите дозволија, повторно ќе може да се почувствува фудбалска атмосфера во омиленото собиралиште на љубителите на спортот –  „Ла Фабрик“, каде и овој пат подготвија супер изненадувања за посетителите.

За време на бараж мечот Охрид – Ренова, сите видови пиво и даски ќе бидат со намалени цени од 20%, а добрата спортска атмосфера е гратис. – порачуваат од „Ла Фабрик“.

Напред Охрид!

OhridNews