Состојбата на охридскиот спорт е хронично лоша, тоа не е некоја голема тајна, но сепак постои понекој зрак кој фрла светло и дава надеж дека нешто некогаш ќе се смени кон подобро.
Некогашниот репрезентативен фудбалски голман Данчо Целески заедно со Ацо Велјаноски, бивш фудбалер на „Охрид“ веќе 6 години организираат и водат фудбалска школа за млади категории.
Во школата „Еуро фудбал“ членуваат и тренираат деца на различни возрасти (најмладите се 98 – мо годиште).
Како клуб се организирани и учествуваат во регионална лига (југозападна Македонија) и се натпреваруваат и играат натпревари со врсници од Струга, Дебар и други градови.
Фотографииве се од попладневниот тренинг на еден од помошните терени при СРЦ „Билјанини Извори“. После месец ипол зимска пауза повторно тренираат пет пати неделно. кондиционо и со топка.
„Обично тренираме на поубајне терени, позади салана, ама има доста екипи од други градови на припреми, па моравме овде“ – ни објаснуваат во пауза меѓу две сесии трчање. Во Охрид има неколку вакви школи. Се надеваме барем некое од децата ќе успее на светско ниво.
С. Костоски